Внуката на Арета Френклин не успеа да помине на аудиција за „Американски идол“

Внуката на Арета Френклин беше на аудиција за „Американски идол“.

За жал, Грејс Френклин (16), чиј татко е синот на покојната музичка икона, Кекалф Канингем, не успеа да се пробие на натпреварот, објавија таблоидите, додавајќи дека шоуто за таленти почна да се емитува на „Еј-би-си“ во неделата.

Грејс започна со изведба на Killing Me Softly, но очигледно не ги освои судиите, и на крајот го изведе хитот на Арета Ain’t No Way.

Кети Пери, член на жирито, рече: „Ми се допадна твојата изведба на песната на твојата баба“.

Нудејќи зборови на мудрост, Лајонел Ричи рече: „Имаш 15 години. Имаш семејна лоза. Она што е потребно сега е да се вложи напор и доста работа за да го достигнеме потребното ниво.“

„Возраста и гласот мора да се спојат на истиот пат“.

Кети Пери беше единствениот член на жирито што гласаше за Грејс, а Лајонел и Лук Брајан рекоа не.

Треба да знаете
Последни објави