Дензел Вашингтон беше во весело расположение минатиот викенд во Лос Анџелес.
Неколку светски печатени медиуми, вклучително и „Би-би-си њуз“, му поставуваа прашања преку „Зум“. На почетокот разговорот се оддалечи од неговата најнова изведба номинирана за „Оскар“ во „Трагедијата на Магбет“ и почна со тоа како всушност се изговора неговото име.
Дали е тоа Дензел, со акцент на првиот слог, или Дензел, со нагласување на вториот, го праша еден новинар. „Може да го изговарате како сакате“, му одговори актерот.
Можеби Вашингтон е лабав во врска со своето име, но кога станува збор за драмата на Вилијам Шекспир, што американскиот режисер Џоел Коен ја адаптира за филмско платно, сигурно дека е многу почувствителна тема.
Театарското суеверие налага актерите да ја нарекуваат шкотската драма. Но, нема ништо шкотско во адаптацијата на Коен на Шекспировата драма за убиство и вештерство. Вашингтон го глуми насловниот генерал заедно со Френсис Мекдорманд како негова посветена сопруга и козаговорник, и двајцата зборуваат со американски акценти.
„Никогаш не сум го читал ‘Магбет’ и никогаш не сум го гледал ‘Магбет’, што мислам дека беше прикриен благослов“, вели Вашингтон. „Зедов еден од филмовите, гледав околу две минути од него и го исклучив. Не сакав да ме погоди она што го гледав“.
Вашингтон досега бил номиниран за 10 „Оскари“ и двапати освои, во 1990 и 2002 година.