Клековски: Владата не споделува што преговара со Бугарија, и тоа создава сомнеж

Сашо Клековски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа посочи дека наместо средствата од буџетот да се користат за реализација на капитални проекти, ќе се користат за справување со енергетската криза и плаќање на јаглен по цена која никој друг не ја плаќа, додавајќи дека поради неспособноста на власта на време да реагира и покрај тоа што знае дека следува криза.
 
Сите знае  дека ќе има енергетска криза, но откако се случи тоа ние решивме да купуваме јаглен по цени кои што никој друг не ги плаќа, и наместо капитални инвестиции да имаме ќе имаме целиот буџет за капитални инвестиции ќе отиде во финансирање на неспособноста на владата, вели Клековски.
 
Во однос на прашањето за декларацијата која ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ во собранието за Гоце Делчев, Клековски истакна дека не гледа ништо спорно во таа декларација, потенцирајќи дека претседателот на собраниската комисија за култура кој е од парламентарното мнозинство од 2018 година не носи програма за одбележување на значајни ликови и датуми.
 
СДСМ бега од комуникација за прашањето на преговорите со Бугарија. Кога нешто тајно се прави секогаш се отвора простор за сомнеж. Јас бев на една дебата и прашањето е зошто ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа да членува во комисиите кои преговараат со Бугарија. Истовремено министерот за надворешни работи не ги прави достапни до опозицијата, до ВМРО-ДПМНЕ одговорите на нашето МНР испратени пред нова година во Софија. Тоа се нашите позиции во однос на 4+1 прашањата што се преговара како очекувате да се учествува во емисија а основните документи не ги правите достапни, ниту на затворена седница каде што би биле поделени на пратениците. Затоа не може да очекувате да не давате никаква информација, а да се очекува конструктивност за возврат, рече Клековски.
 
Јас не гледам ништо спорно во декларацијата за Гоце Делчев, тоа програма за одбележување на ликот и делото, апро по 150 години од неговото раѓање. Од 2018та година Собранието не носи програма за одбележување на значајни лица и датуми, претседател на комисијата за култура кој треба да ја подготви програмата е претставник на власта, и мене не ми е јасно зошто е спорно Македонија да има поштенска марка со ликот на Гоце Делчев, а не е спорно Бугарија да има монета со ликот на Гоце Делчев. Зошто е спорно ВМРО-ДПМНЕ да го поставува ова прашање а не е спорно Стево Пендаровски да ги прима претставниците на ОМО Илинден. И тука гледам двојни аршини, додаде тој.
Треба да знаете
Последни објави