Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мери Брнз, во ексклузивно интервју за ТВ21 посочи дека треба да се премине на отворање на преговарачката рамка со Европската Унија, и земјата да напредува од сите аспекти.
„Влегувањето на Северна Македонија во НАТО беше голем исчекор и веќе ги гледаме резултатите од тој потег на терен. Затоа нам ни е важен и следниот чекор, Северна Македонија и целиот Западен Балкан да се придвижи кон единствена, безбедна Европа. Тоа значи интеграција во евроатлантските институции. Мислам дека зборувате за вистинската фрустрација, која и јас ја слушам, зашто процесите не се одвиваат доволно брзо“, истакна Брнз.
Брнз вели дека едно нешто што се потенцира во моментов е потребата повторно да се придвижат тие процеси, да се забрзаат напорите и да ја видиме Северна Македонија целосно интегрирана.
„Треба да преминеме на отвoрање на преговарaчката рамка со Европската Унија и да напредува од сите аспекти за не само да се усогласи со институциите на ЕУ туку и да се остварат аспирациите кои граѓаните ги имаат долго време“, порача Кејт Мери Брнз во ексклузивно интервју за ТВ21.