(Видео) Русите го почнаа нападот врз Киев, погодена ТВ кула

Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко потврди дека била нападната ТВ-кулата во Киев, што веројатно ја спречило неговата работа.

Не е јасно дали кулата била директно погодена, а локалниот ТВ канал 1 + 1 соопшти дека работат на враќање на сигналот.

1На социјалните мрежи протекуваат снимки од наводниот напад на ТВ кулата во Киев. На снимката, чија автентичност ја потврди и Би-Би-Си, се гледа кулата висока 385 метри погодена (најверојатно од проектил).

Киев Индипендент објави дека украинските ТВ канали престанале да се емитуваат пред неколку минути.

Руското Министерство за одбрана издаде предупредување до жителите на Киев дека се подготвува за напад врз цели во главниот град на Украина, јавува Би-би-си. Во соопштението објавено попладнево руските власти најавија дека нивните сили се подготвуваат да извршат напади со висока прецизност врз технолошките центри на украинската служба за безбедност.

„Ги повикуваме граѓаните на Украина, кои националистите ги користат за провокации против Русија, како и жителите на Киев што живеат во близина на радиокомуникациските станици, да ги напуштат своите домови“, се додава во соопштението.

Официјални лица тврдеа дека нападите се со цел да спречат информациски напади врз Русија.

 

Треба да знаете
Последни објави