Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер ја сподели својата фрустрација поради ракетниот напад врз Меморијалниот центар на холокаустот Бабин Јар во Киев.
Тој меморијален центар е изграден на најголемата масовна гробница во Европа, каде нацистите убија повеќе од 33.000 Евреи за само два дена во 1941 година.
„ Која е поентата 80 години да се кажува „никогаш повеќе“, ако светот молчи кога бомба паѓа на истото место на Бабин Јар? Најмалку петмина загинати. Историјата се повторува…“ напиша Зеленски.