Првиот полуфинален дуел од Купот на Италија меѓу градските ривали Милан и Интер заврши без голови 0-0.
Мрежите мируваа на Сан Сиро во првата полуфинална пресметка меѓу миланските тимови.
Натпреварот беше динамичен, двете екипи имаа шнаси за триумф, но победникот ќе биде одлучуван во реваншо.
Милан беше подобар на почетокот, во воведниот дел промаши две одлични шанси преку Салемакерс и Тео Ернандез.
Во вториот дел двете екипи имаа некои полушанси, но никој не успеа да создаде стопроцентна прилика за гол.
Деби во дресот на Интер имаше Госенс кој влезе во финишот од натпреварот.
Во реваншот Интер ќе има поголема поддршка од публиката.