Русите гранатираа родилиште во близина на Киев

Киев Индепендент на својот официјален профил на Твитер објави дека руските сили гранатирале породилиште во близина на Киев, повикувајќи се на објава на генералниот директор на болницата на Фејсбук, Виталиј.

Породилиштето се наоѓа во Бузова на автопатот Житомир, каде што се водат тешки борби. Сите луѓе се евакуирани од зградата, пишува „Киев Индипендент“.

Истиот извор тврди дека руските војници го гранатирале центарот за рехабилитација на Министерството за прашања на ветераните на Украина во Бородјанка кај Киев.

Киев Индипендент, исто така, објави дека градот Херсон бил опколен од руски војници, цитирајќи изјава на новинарката Аљона Панина за Украина 24.

„Градот е всушност опколен, има многу руски војници и воена опрема на сите страни, тие поставија контролни пунктови на излезите“, рече таа.

Треба да знаете
Последни објави