Украинските власти потврдија дека најмалку 70 војници загинале во руски ракетен напад врз нивната воена база.
Нападот се случи синоќа во Охтирка, во регионот Суми, кој во моментов е под опсада на руските сили.
Утрово спасувачите и итните служби се уште вршат увид на урнатините обидувајќи се да најдат преживеани.
Украинскиот парламент штотуку им оддаде почит на војниците преку твит и напиша дека војниците биле убиени од проектили од градот. Вечна слава на хероите на Украина“, напиша Парламентот на Твитер.