Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и покрај сите опструкции од централната власт за 100 дена почнаа 1090 проекти.СДСМ се нервозни и во паника, зошто градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ имаат направено многу повеќе за 100 дена, од нивните претходници од СДСМ за 4 години, и разликата народот ја гледа.
Во првите 100 дена во Кавадарци се реализираше изградбата на затворениот градски пазар. Во Градско се реализира проектот бесплатна градинка. Две улици се направени во Неготино. Во Лозово се градат ново канализациони и водоводни мрежи. Во Свети Николе е отпочната изградба на нова спортска сала. Во Велес се изградени улици, инвестирано е во училиштата и во тек е набавка на ново противпожарно возило. Ова се само мал дел од проектите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Наспроти тоа, кај СДСМ имаме деструкција, криминал и корупција.