Најмалку пет луѓе загинале, а пет се повредени во бомбардирањето на телевизиската кула во Киев, пренесува агенцијата „Интерфакс“.
Би-би-си пак пренесува изјави на украинските власти кои исто така зборуваат за петмина загинати.
На Твитер се појавија неколку снимки направени по бомбардирањето на ТВ-кулата. Некои од нив, кои ги објавија и украинските власти, покажуваат мртви цивили на улиците.