Македонските навивачи ќе можат да гостуваат во Италија за мечот од баражот за СП!

Италија реши да ги намали мерките за влез во државата, а тоа е одлична вест за македонските навивачи кои сакаат да ја поддржат Македонија во дуелот против Италија во баражот за пласман на Светското првенство (СП) во Катар.

Италијанската амбасада објави дека од 1 до 31 март треба да заврши вонредната состојба во државата и повеќе нема да има ограничувања за влез во земјата.

Во Италија ќе може да се влезе со Европски ковид сертификат, кој се добива по извршена вакцинација, а може и да се влезе со негативен ПЦР-тест или антиген тест.

Треба да знаете
Последни објави