Мидлсборо успеа да направи уште едно изненадување во ФА купот на Англија. Откако во претходната рунда го елиминира Манчестер Јунајтед, овој тим сега го зема скалпот и на Тотенхем и се пласира во четвртфиналето.
Мидлсборо славеше по продолженија со 1-0, со голот на Џошуа Кобурн во 107.минута од дуелот. Ова сигурно е уште еден голем удар за Антонио Конте чиј тим игра многу променливо во последниот период.