Османи: Го одложивме упатувањето на нашиот амбасадор во Русија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција објави дека се одложува упатувањето на нашиот амбасадор во Москва.

– Ние донесовме вчера одлука да го одложиме упатувањето на нашиот амбасадор во Русија, кој требаше да оди на 15 март, рече Османи на денешниот брифинг со новинарите.

Инаку за нов амбасадор на Македонија во Русија од минатата година е назначен Ненад Колев.

Османи дополнително објасни дека МНР ги повикало македонските државјани да ја напуштат Русија затоа што е се затвора воздушниот простор и нивното враќање во земјата би било многу отежнато.

Треба да знаете
Последни објави