„Пежо“ се откажа од спонзорството на Ѓоковиќ

Француската компанија за производство на автомобили „Пежо“ се откажа од спонзорството на Новак Ѓоковиќ, информира британски „Експрес“.

Информацијата ја потврди Карло Таварес, генералниот директор на компанијата

Тоа е точно. Нема да ја продолжиме соработката со Ѓоковиќ – изјави Таварес, а пренесува Ел Еспанол.

Иако не е наведено, сосема е очигледно дека причина за тоа се сите случувања околу вакцинацијата, Австралија и сè останато што нема врска со тенискиот терен.

„Пежо“ е еден од главните спонзори на Ѓоковиќ од 2014 година. Првично рекоа дека немаат намера да ја прекинат соработката со Ѓоковиќ, но очигледно го смениле планот.

Според шпанските медиуми, компанијата „Пежо“ останува во светот на тенисот и ќе продолжи да спонзорира одредени турнири и играчи.

Треба да знаете
Последни објави