Радуловиќ веднаш пронајде нов ангажман

Доскорешниот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Дарко Радуловиќ, не остана долго време без ангажман. Стратегот кој доби отказ од македонскиот првак по загубеното финале во Купот, сега ќе работи во соседно Косово.

Радуловиќ е назначен за нов тренер на Башкими од Призрен и за прв пат во кариерата ќе биде стратег на еден тим од странство. Башкими моментно е на шестото место на табелата, а Радуловиќ ќе има задача да ја подобри играта на тимот.

Треба да знаете
Последни објави