Како повторно да измислите лик како Бетмен за филмови?
Тоа е прашање со кое филмаџиите се справуваат уште од одличниот, стилизиран филм на Тим Бартон „Бетмен“ од 1989 година. Тој филм ни го донесе Мајкл Китон како човек-лилјак со наметка, музика на Принс, и неверојатниот Џек Николсон како Џокер, главниот непријател на Бетмен. Овој високобуџетен блокбастер беше забавен за гледање.
Иронично, ликот на DC Comics имаше помрачен пресврт само две години претходно со објавувањето на графичкиот роман на Френк Милер и Дејвид Мазучели, „Бетмен: Година прва“. Таа приказна делумно го инспирираше писателот и режисер Мет Ривс да го направи „Бетмен“, епскиот тричасовен филм во кој главната улога ја игра Роберт Патинсон.
„Година прва“ (Batman: Year One) го покажа борецот против криминалот во Готам Сити во неговата ембрионска форма. „Тој беше некако скитник, речиси како Тревис Бикл“, вели Ривс, мислејќи на виетнамскиот ветеран антихерој кој го игра Роберт Де Ниро во „Таксист“ на Мартин Скорсезе.
Бетмен многу јасно кажува која песна го отсликува неговото нихилистичко расположение: Something in the Way на „Нирвана“, од нивниот култен албум Nevermind.
Новиот „Бетмен“ со Роберт Патинсон во улогата на суперхеројот човек-лилјак, а Зои Кравиц во улогата на жена-мачка, пристигнува во кината на 4 март.