Шест недели откако поднесе барање за развод од својот петти сопруг Ден Хејхерст, згодната „чуварка на плажа“ од некогаш популарната серија „Бејвоч“ беше забележана со чаша кафе во рацете, најверојатно по шопинг терапија во соседството.
Памела Андерсон (54) на себе има бел фустан без ракави и црни чизми до колена.
За лежерната прошетка, својата платинесто-руса коса ја пушти слободно да паѓа на рамена, а изгледот го комплетира со очила за сонце поставени на врвот на главата.