Фиренца го „испрати“ Влаховиќ во пеколот, но Јуве победи на „Артемио Франки“

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ се врати во Фиренца во дресот на Јувентус и навивачите му приредија жесток пречек, но, сепак, „старата дама“ успеа да победи со 0-1 во првиот полуфинален меч од Купот на Италија, откако со автогол во 91-та минута стигна до голема победа од 1-0 на „Артемио  Франки“.

Како одигра Јувентус во текот на целиот меч не заслужи да победи, но фудбал се игра до последна секунда, па од третата шанса, Венути си ја погоди мрежата после центаршут на Хуан Квадрадо, за да ја погоди својата мрежа и на „старата дама“ да ѝ обезбеди победа.

Душан Влаховиќ и Квадрадо во вториот дел имаа две добри шанси за гол и победа, откако Јувентус во првиот дел беше тотално надигран, а Бонавентура промаши празен гол, Иконе погоди дирек и после сѐ, на крајот омразениот Јуве со една нога е во финалето.

Влаховиќ во јануари го предизвика гневот на навивачите на Фиорентина откако ја напушти екипата и потпиша за Јувентус и затоа на неговото прво гостување во Фиренца, имаше „жежок“ дочек. Прво тие пред стадионот подготвија кореографија од познатото дело на Данте Алигиери „Инферно“, а на Влаховиќ ќе му припадне делот од пеколот наменет за измама. При неговото излегување на теренот на „Артемио Франки“, Влаховиќ беше пречекан со свирежи и скаандирање „Циган“, кои беа присутни при секој негов контакт со топката.

Вчера миланската пресметка помеѓу Интер и Милан заврши без победник и без голови во вториот полуфинален меч.

https://twitter.com/YFNews/status/1499113556402446340

Треба да знаете
Последни објави