Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, смета дека тимот требало да го победи градскиот ривал Интер во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија.
– Милан одигра добро и заслужи повеќе. Но резултатот е добар, но мислам дека требаше да победиме. Вториот меч ќе биде многу тежок, но задоволен сум од оваа средба. Во изминатите 2,5 години напредувавме и сакаме да освоиме некаков трофеј за да ја направиме оваа сезона одлична, изјави Пиоли за „Медиасет“.
Во првата средба на која Милан беше домаќин вчеравечер екипите одиграа со резултат 0:0.
Реваншот ќе се игра на 20 април.