Европската фудбалска унија (УЕФА) воведе нови снкции кон Русија. Откако, попушти под притисокот и ги суспендираше клубовите и репрезентацијата од меѓународните натпревари, УЕФА воведе уште една санкција.
УЕФА им „покажа“ црвен картон на руските судии.
„Сметајќи на проблемите и пречките со границите, официјалните лица д Русја во наредниот период нема да бидат делегирани за натпреварите кои ги организира УЕФА“, стои во соопштението од Нион.
Русија има два силни судиски тима во европските купови, предводени од Сергеј Карасев и Сергеј Иванов. Карасев, сезонава, судеше четири натпревари во Лигата на шампионите, а Иванов водеше натпревари во Лига Европа и Лигата на конференции.
Исто така во Лигата на конференции правдата ја делеаа Кирил Левников и Виталиј Мешков.