Репрезентативецот на Украина, Андриј Јармоленко испрати повик до репрезентативците на Русија.
Јармоленко ги повика руските фудбалери да излезат и да се спротистават на воената агресија на Русија врз Украина.„Зборував со повеќе од вас и знам дека не го одобрувате ова што се слчува и сметате дека вашиот претседател постапува погрешно. Како фудбалери на националниот тим имате големо влијание на народот и ве замолувам да го покажете тоа. Сте покажале „мад*ња“ на теренот, покажете и во животот“„Роден сум Санкт Петербург, но израснав во Украина, па себе се сместам за Украинец. Уште еднаш ве повикувам. Момци, зошто се криете и не кажувате ништо? Во Украина страадаат луѓе, жени, мајки, деца…а вие молчите. Што ви пречи да кажете дека сакате обединување?“, порача фудбалерот на Вест Хем.