Четири златни медали и една специјална наградаза вината на „TikvešChâteaux&Domainеs“на престижниот „Мундус Вини“ во Германија

Вината на „TikvešChâteaux&Domainеs“ добија уште една важна потврда на својот исклучителен квалитет на еден од најпрестижните и најголеми вински натпревари во светот – „Мундус вини“ 2022, освојувајќи четири златни медали и едно специјално признание.

На пролетното издание на овој врвен меѓународен вински натпревар златни медали освоија SauvignonBlancBarovo 2021, Barovored 2019, DomaineLepovoPinotNoir 2019 и Terrasse a L’Ombre 2019, при што ова исклучително вино од француската винарница на „Тиквеш“ – ChâteaudeGourdon, беше оценето и како „Најдобро од долината на Рона“, еден од најпознатите вински региони во Франција, во кој е лоцирана винарницата. За истакнување е и дека виното SauvignonBlancBarovo 2021 добива значајно признание, какво што е златниот медал на „Мундус вини“, уште во првата година по неговото создавање и лансирање на пазарот.

Значењето на овие признанија за вината на „TikvešChâteaux&Domainеs“ е дотолку поголемо што се добиени во конкуренција на илјадници вина од десетици земји во светот. Вината се оценувани од меѓународно жири составено од врвни енолози и сомелиери, признати трговци на мало со исклучително знаење на виното, вински новинари и научници од целиот свет. Оценувањето на вината се одвива „на слепо“, што значи дека жирито нема информации за карактеристиките или брендот на виното кое го дегустира.

Наградите на „Мундус Вини“ се оценети и како значајна маркетиншка алатка за зголемување на препознатливоста при настапот на високо конкурентните светски вински пазари.

Винарската визба „Тиквеш“ е најнаградуваната винарница во поширокиот регион. Во последниве години вината на „Tikveš“ и „TikvešChâteaux&Domaines“ годишно освојуваат над 100 наградии признанија на реномирани меѓународни вински натпревари.

 

Треба да знаете
Последни објави