Охрид му приредуваше проблеми и на шампионот близу 60 минути, сепак црвено-црните на крај успеаја да слават со 28-26. Последно беше нерешено во 53. минута, (24-24), а охриѓани држеа неизвесност барем уште четири минути. Три нивни напади не завршија како што планира и Вардар се опушти дури во завршницата
Неизвесноста почна уште од првото полувреме, право како блага предност за гостите, а во 22. минута со највисоки 9-6. Со четири врзани гола Вардар се врати и поведе, сепак на пауза Охрид имаше 13-12. Во второто полувреме, иако Вардар почесто водеше, сепак резултатот остана тесен.
Жереми Тото и Тимур Дибиров го предводеа победникот со по шест гола, а десниот бек на Охрид, Филип Николов броеше до осум.
Со победата го првото од предвидените 10 кола во овој плеј-оф, Вардар ја отвори сметката и дојде до осум бода, чувајќи го бодат предност во однос на Еурофарм Пелистер. Битолчани својот натпревар го играат утре, против Тиквеш.



