Амброзио апсолутно доминира каде и да се појави

Алесандра Амброзио неделава ја докажа својата модна акредитација на свечен настан во Лос Анџелес. 40-годишната икона на модните писти, која постигна меѓународна слава како ангел на „Викторијас сикрет“, присуствуваше на настан организиран од „Револв“.

Бразилката на себе има аквамарин комбинезон со длабоко деколте. Оваа креација ја нагласува беспрекорната фигура, уште еден доказ дека епитетот супермодел неа вистински ѝ прилега.

Треба да знаете
Последни објави