Најдобрата светска тенисерка Ешли Барти, која сезоната ја почна со титула пред домашната публика на Австралија Опен во Сиднеј, поради недоволна физичка подготвеност нема да настапи на претстојните два големи турнири во Индијан Велс и Мајами.
– За жал моето тело не е целосно рехабилитирано по Австралија Опен на начин како што се надевав и не успеав соодветно да се подготвам за Индијан Велс и Мајами. Не сум на потребното ниво за да можам да победам на тие турнири и затоа се откажувам од настап. Ги сакам турнирите и жалам што нема да играм, но морам да се фокусирам на моето тело, изјави Австралијката Барти.
Таа најави дека нејзин следен настап би требало да биде во дресот на австралиската репрезентација на 15 април против Словачка во „Били Џин Кинг купот“.