Тимот на Вардар постигна договор за првото засилување за наредната сезона станува збор за Словенецот, Најц Цехте (29).
Цехте во Вардар доаѓа од редовите на Хановер каде што на крајот на актуелната сезона му завршува договорот, па ќе биде слободен да дојде во Скопје. Цехте е дете на Горење Велење каде што играше од 2013 до 2018 година, а потоа направи трансфер во Германија.
Доаѓањето на Цехте во Вардар веројатно значи заминување на некои од акутелните десни бекови на Вардар. Во овој момент таму играат Кевин Њокас и Куни Моралес, некој од нив најверојатно заминува.Ќе потсетиме Вардар откако денес беше запишана службената победа против Мотор го обезбеди местото во четвртфиналето.