Канје Вест не престанува да го шокира светот, овојпат со морбиден спот

Канје Вест го обезглавува Пит Дејвидсон во неговиот музички спот за Eazy.

Контроверзниот рапер (44) ја објави ужасната промоција само неколку часа откако судијата прогласи дека неговата отуѓена сопруга Ким Кардашијан, која се забавува со комичарот Пит, сега има статус немажена.

Канје, кој минатата година го смени своето име во Је, рапува: „Господ ме спаси од несреќата, само за да можам да го натепам Пит Дејвидсон.“

Во мрачното видео, односно во насилна анимација, Канјe го киднапира Пит, ѕвездата на Saturday Night Live, му фрла торба преку глава, го врзува и ја носи глинената скулптура на главата.

Во средата, судијата го одобри барањето на Ким да ѝ го врати статусот немажена, и сега таа повторно може го користи своето моминско презиме.

Канје продолжува да го напаѓа Пит (28) на социјалните мрежи, но се чини дека мрачната анимација ги премина сите граници.

Треба да знаете
Последни објави