Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола нема „влакна на јазикот“, па често го кажува тоа што го мисли, а така беше и пред средбата со градскиот ривал Манчестер јунајтед.
Гвардиола ги обвини политичарите, НАТО и европските држави за тоа што се случува во Украина, а смета дека сè е поради пари.
-Важно е да се покаже солидарност, но тоа е само гест. Политичарите тука избегнуваат вакви работи, но и понатаму се неспособни. Тоа се случува затоа што тие не се во состојба да направат било што. Ова не се случува поради парче земја или знаме, туку поради пари. Тоа се случуваше и во Сирија, Палестина, Југославија.Невини луѓе умираа и умираат само поради два човека. И се поради пари. Да нема пари нема да има ни војни. Оваа војна трае веќе осум, девет дена. НАТО и европските организации се потполно неспособни, вели Гвардиола.