Митревски во идеалниот тим на колото во ЛШ

Македонскиот ракометен репрезентативен голман, Никола Митревски, се најде во тимот на 13. коло од Лигата на шампионите, откако имаше инзвонреден настап во дресот на Порто во ремито против Фленсбург (26:26).

Покрај македонскиот голман, во идеалниот тим на колото се најдоа уште и Давид Мандиќ од Загреб, Петар Ненадиќ од Веспрем, Феликс Клар од Монпелје, Харалд Рајнкинд од Кил, Мариус Штајнхаузер од Фленсбург и Мохамед Мамдух од Динамо Букурешт.

Митревски е дел и од Топ 5-листата за најдобри голмански интервенции, со одбраната со која во последните секунди го запре Менсах Ларсен и се погрижи Порто да не загуби на гостувањето против Фленсбург.

Треба да знаете
Последни објави