Харви Вајнстин се извини откако беше фатен со кутија чоколадни бомбони Milk Duds во затвор во Лос Анџелес, спротивно на правилата на затворот.
„Ова е недоразбирање“, рече Вајнстин (69) во изјава за „ТМЗ“ во четвртокот преку неговиот претставник Џуд Енгелмаер.
„Нема да се повтори. Јас сум примерен затвореник, ги следам правилата и прописите и искрено ми е жал.“
Чуварите во затворот во Лос Анџелес откриле дека осудениот силувач ги добил слатките по состанокот со неговиот адвокат Шон Баркли минатиот ноември, изјавија извори за порталот.
Поранешниот филмски продуцент им кажал на властите дека ги зел бонбоните со себе уште во јули, за време на неговата екстрадиција од Њујорк во Лос Анџелес. Властите се сомневаат дека тие најверојатно биле прошверцувани од член на неговиот правен тим.
Неговите водечки адвокати Верксмен и Ален Џексон изјавија за „Вараети“: „Ние сме информирани за ова и многу ни е жал. Вакво нешто не му се случило претходно, и не се повторило оттогаш. Харви е примерен затвореник и има намера да остане таков.“