Инцидентот меѓу Аца Лукас и Момчило Бајагиќ – Бајага го одбележа завчерашното полуфинале на изборот за песна на Евровизија во Србија, кога во бекстејџот малку недостигало да дојде до физичка пресметка помеѓу двајцата пејачи.
Бајага, кој се натпреварува како текстописец, а Лукас како изведувач и ќе настапи вечерва во финалето на Беовизија денеска одговори на коментарот на фолкерот, кој му порача на рокерот да си го промени дилерот.
Тој истакнал дека е страшно тоа што го изјавил Лукас за него.
-Ако Аца вели дека се дрогирам, тогаш тоа е страшно. Не се случи ништо вчера, таман работа, зошто би зборувал со Аца Лукас за политика на натпревар за Евросонг. Јас не се натпреварувам, правев песни за Бибер и Дуле Свилар – рекол Бајага.
Лукас вчера рече дека се пријавил на изборот со причина, но не знаел дека ќе биде наместен.
-Можеме да го победиме и тоа. Срамота е ова што го прават овде. Никој не е глуп овде. Го ставивте стариот, истуткан и збрчкан Бајага, кој е страшен уметник, а почна да се однесува како будала, зборува за политика среде Беовизија, шокиран сум. Со таа бојадисана коса не може да излезе на дожд… Ова е трагедија, шокиран сум.Момчило Бајагиќ Бајага и јас сме горлива тема. Го познавам 30 години. Се запознавме, се дружевме, неколку пати ги носев на забава… Добро се познаваме, знае дека често ги интерпретирам неговите песни, дојдовме синоќа, се јавивме. Се поздравив со него, а тој ми рече: „Знаеш, брат, си ја отпеал мојата песна, во една твоја емисија. Не може, не ги пеам твоите песни, да му е***. Весиќ ти беше гостин“. А тој не може да ме види мене и Бора Чорба со свои очи поради неговите ставови. Ми го крена притисокот на 300. Бев кул. Тогаш видов за што се работи. Целата приказна е дека ме провоцира и нервира. Бајага мора да го смени дилерот бидејќи го збрчкал, вели Лукас.
Според српски Курир, во ВИП просторијата зад сцената дошло до прозивки и дофрлања помеѓу двајцата музичари поради спротивставените политички ставови.