Хорхе Мартин утре ќе стартува од првата позиција на премиерната трка сезона во Мото ГП шампионатот што се вози за Големата награда на Катар. Мартин до пол-позицијата дојде со време 1:53.011 минути.
Шпанецот со својот мотоцикл на Прамац Дукати оствари време од 1:53,011 минути. Зад него ќе стартува Енеа Бастијанини од Дукати, додека трет во квалификациите беше Марк Маркез на Хонда.
Потоа следуваат Џек Милер, Алеиш и Пол Еспаргаро, Бред Бајндер, Жоан Мир, Франческо Бањаја и Алекс Ринс.
Слаби квалификации имаше шампионот од минатата сезона Фабио Квартараро од Јамаха, па трката ќе ја почне од 11.место.