Бастијанини успеа зад себе да го остави Бред Бајндер на КТМ , кој задоцни 0,346 секунди, додека Еспаргаро на Хонда поради грешката од прва падна до трета позиција и имаше задоцнување од 1,351 секунди повеќе од Италијанецот.
Марк Маркез заврши како петопласиран, а актуелниот светски шампион Фабио Квартараро беше деветии. Освојувачот на пол-позицијата Хорхе Мартин не ја заврши трката по еден судир со Франческо Бањаја.
Италијанецот од тимот на Гресини со својот мотоцикл Дукати дојде до првата победа во кариерата во Мото ГП.
Следната трка во шампионатот е за две недели за Големата награда на Индонезија.