Герасимовски: Со новото раководство на КК Работнички влегуваме во нови подвизи и успеси

Најтрофејниот кошаркарски колектив КК Работнички со ново раководство и нови сили влегува во нови предизвици!

Денес, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, беше домаќин на новиот извршен директор на КК Работнички, играчката легенда на клубот, Горан Веселиновски и новиот претседател на Одборот на директори и поранешен кошаркар, Ненад Атанасов.

„На Веселиновски и на новото раководство им посакувам успех и добри резултати во иднина, а јас и Општина Центар, како и досега, ќе даваме поддршка и заедно со сите центарци, ќе го вратиме КК Работнички на старите победнички патеки“, изјави по средбата градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Новиот директор, Горан Веселиновски, од 1998 година беше капитен на КК Работнички, а во својата 14-годишна професионална кариера, само две сезони не го носеше дресот на Работнички.
По резултатската криза која извесно време го имаше зафатено најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, новото раководство, со поддршка на Општина Центар, има за цел да го врати КК Работнички на местото каде што припаѓа – во врвот на Македонската кошарка.

Треба да знаете
Последни објави