Дејан Георгиевски освои сребро во Софија

Македонскиот таеквондист, Дејан Георгиевски загуби во финалето од Шпнаецот Гарсија Мартинез со 7-12 и така се закити со сребрениот медал.

Георгиевски беше прв носител на турнирот „Софија Опен“, а до финалето стигна со две победи, и тоа против Србинот Михајло Радаковиќ со 19-5, а потоа и со шпанскиот таеквондист Касадо (14-4).

Најуспешниот македонски таеквондист минатото лето успеа да го постигне најголемиот успех за Македонија на Летните олимписки игри (ЛОИ), кога го освои сребрениот медал.

Треба да знаете
Последни објави