Напишан е трет филм за еден од омилените книжевни ликови, Херкул Поаро, со сер Кенет Чарлс Брана во главната улога.
61-годишниот Кенет го глумеше фиктивниот белгиски детектив од романите на Агата Кристи и во филмот „Убиство во Ориент Експрес“ од 2017 година и во неодамнешното продолжение „Смрт на Нил“.
Претседателот на студиото 20th Century, Стив Езбел, потврди дека е во подготовка уште еден филм, кој најверојатно ќе означи промена на тонот од претходните два.
„Го имаме серијалот Поаро, имаме и други приказни од Кристи. Ги сакам овие филмови, го сакам Кен,“ рече Езбел во интервју за „Холивуд репортер“.
„Имаме трето сценарио што го напиша Мајкл Грин, и е прилично смела промена во жанрот и во тонот. Тоа е повоена Венеција и адаптација на еден од помалку познатите романи. Мислам дека повторно ќе ги видите мустаќите.“