Рене Зелвегер пристигна во голем стил за премиерата на претстојната крими драма The Thing About Pam, мини серија на Ен-би-си. Во понеделникот, 52-годишната актерка тргна по промотивната патека низ Њујорк за да ја промовира серијата, што кулминираше со специјална проекција на која ѝ претходеше црвен тепих.
Актерката родена во Тексас позираше при пристигнувањето. Таа изгледа едноставно, а сепак шик за главниот настан.
The Thing About Pam е мини серија заснована на вистинска животна приказна, за злочин извршен од жена по име Пем Хап. Нејзината пријателката Бетси Фарија, била избодена до смрт во 2011 година во својот дом во Мисури. Сопругот на Бетси бил осуден за убиството, пред Хап подоцна да биде прогласена за осомничена.