Најдобриот фудбалер на светот според ФИФА, Роберт Левандовски, го раскина договорот со неговиот спонзор, кинеската компанија „Хуавеј“ затоа што смета дека Кинезите ја поддржуваат руската инвазија на Украина.
Напаѓачот на Баерн Минхен се реши на ваков чекор откако според некои кинески извештаи, технолошкиот гигант најпознат по мобилните телефони му помагал на рускиот претседател Владимир Путин во стабилизацијата на интернет-мрежата во Русија по хакерските напади. Покрај тоа, неофицијално „Хуавеј“ ќе ги користел своите истражувачки центри за обука на 50.000 стручњаци во Русија.
Поради сите овие проруски ставови на „Хуавеј“, полскиот фудбалер престана да биде регионален амбасадор на компанијата за Полска, Централна, Источна Европа и Скандинавија.