Интер го победи, но не го помина Ливерпул на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер остварија пирова победа на вечерашното гостување кај Ливерпул (1-0) во реванш-дуелот од Лигата на шампионите (ЛШ), бидејќи не беше доволна да се надополни негативата од два погодоци од првиот дуел на „Џузепе Меаца“.

По првото, релативно неинтересно, прво полувреме, само пет минути од второто полувреме ги донесоа најголемите возбудувања. Прво Мо Салах промаши зицер на празна мрежа, па наместо голот ја погоди пречката по што Лаутаро Мартинез со фантастичен шут донесе надеж за „нераѕурите“. Но, неколку минути подоцна, Алексис Санчез прави голема глупост и по невнимателен старт доби втор жолт картон и мораше да го напушти теренот.

Италијанците со играч помалку не можеа да дојдат до посакуваниот втор погодок, па до крајот Ливерпул доминираше и имаше две стоотстотни шанси, кои не завршија во голот на Хандановиќ. Но, гостите немаа сили со играч помалку да притиснат, па мораа да се задоволат само со минимална победа, недоволна за пласман понатаму.

Треба да знаете
Последни објави