Фото: Слободан Ѓуриќ
Ракометарите на Вардар победнички ги завршија настапите во групната фаза во Лигата на шампионите откако во СЦ „Јане Сандански“ до 39:30 го совладаа Елверум. Вардарци по 14 кола во групата А имаат скор од шест победи, едно реми и седум порази и го освоија петтото место кое во нокаут фазата ги однесе на унгарскиот Веспрем.
Првиот натпревар против Веспрем треба да се игра на 30/31 март во СЦ „Јане Сандански“, додека реваншот е за седум дека во Унгарија.
Вардарци до победата дојдоа со одлична игра во второто полувреме во кое го покажаа вистинското лице и кое го добија со 22:14, откако во првите 30 минути не беа на посакуваното ниво.
„Црвено-црните“ одлично го започнаа натпреварот и по четири минути имаа водство од 4:0 благодарение на Моралес и на Тото кои дадоа по два гола. Но, ракометарите на Елверум во наредните пет минути успеаја да постигнат четири гола и да фатат резултатски приклучок (6:4).
Во релативно „мирниот“ натпревар во кој одбраните на двете екипи не беа на посакуваното ниво, се играше гол за гол, „црвено-црните“ ја одржуваа предноста од 2-3 гола и тоа до последната минута од првиот дел кога Ерик Јохансон со два гола го донесе Елверум на минус еден (17:16).
Тимур Дибиров со четири гола беше најпрецизен кај Вардар, Јохансон даде шест за норвешкиот шампион, додека слабо прво полувреме имаа голманите на „црвено-црните“, Томовски и Гогов кои имаа само две одбрани.
На стартот од второто полувреме Елверум со голот на Солстад во 33. минута го израмни резултатот, а во следниот напад истиот ракометар му донесе прво водство на норвешкиот тим (17:18). Додиќ го израмни резултатот, но Нилсен повторно му носи предност на Елверум (18:19).
Слабата реализација во нападот на „црвено-црните“ ја искористија гостите кои постигнаа два гола за водство од 18:21 во 37. минута.
Сепак, во поледните дваесетина минути се разбрани Томовски го покажа вистинското лице и дојде до убедлив триумф.
Одбраната на „црвено-црните“ конечно профункционира, гостите тешко доаѓаа до чисти шутеви и со голот на Оливие Њокас во 45 минута, Вардар дојде до измранување на 25:25.
По новата грешка на гостите, Вардар го врати водството со голот на Кевин Њокас (26:25) во 47 .минута, а по украдената топка на Дарко Ѓукиќ „“ црвено-црните дојдоа до плус два (27:25).
Во последните десет минути, вардарци дојдоа и до плус четири (32:28) по што рутински ги одработија последните минути и ја забележаа шестата победа во групната фаза.
Тимур Дибиров со седум гола беше најефикасен во редовите на Вардар, Оливие Њокас даде шест, а неговиот брат Кевин, додека Мартин Томовски имаше девет одбрани.
Кај Елверум, Ерик Јохансон постигна осум гола, а Стиг-Торе Моен Нилсен даде седум гола.