„Креативност е кога ќе направиш нешто чудесно од работите кои другите ги сметаат за ѓубре“, вели една изрека која служи за да не’ потсети дека со малку волја и труд, дури и отпадот може да стане уметност.Токму тоа е и пораката на Пакомак, кој преку наградниот конкурс „Trash for Art“ ве предизвикува да ја тестирате вашата креативност и да испратите ваше авторско уметничко дело направено од отпад. Најдобрите избрани дела ќе добијат вредни парични награди.
Отворањето на конкурсот предизвика голем интерес и оваа година, кој Пакомак очекува да резултира во голем број пријавени уметнички дела направени од амбалажен отпад. Конкурсот „Trash for Art“веќе 12-та година се одржува под организација на Пакомак и неговите партнери и досега инспирираше стотици поединци и организации да најдат алтернативна, но и инвентивна примена на отпадот со кој се генерира секојдневно.
Сите талентирани луѓе со креативен ум и вешти раце можат да бидат дел од „Trash for art“ 2022така што ќе креираат творби од стари гуми, хартија, лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, картонски кутии, конзерви, амбалажи од козметика и средства за чистење, пластични чаши, фолија за пакување, дрвени палети, тетрапак-пакувања, кеси и обвивки, картон и секој друг вид на амбалажен отпад.
Како и секоја година, конкурсот е отворен завозрасни и деца, а пријавените дела ќе се натпреваруваат во три категории: 1) градинки, 2) основни училишта, 3) поединци и други организации. За секоја од категориите предвидени се по три парични награди – за прво (30.000 денари), второ (20.000 денари) и за трето место (10.000 денари).
Оваа година традиционалниот конкурс на Пакомак го поддржаа Пивара Скопје и Бимилк, кои занајкреативните решенија подготвија специјални парични награди. Две посебни дела изработени исклучиво од амбалажен отпад од производите на Пивара Скопје или амбалажите на Бимилк, ќе бидат наградени со по 30.000 денари, поединечно.
За да учествуваат во официјалната селекција, доставените делатребадабидатизработениодминимум 10 парчињаамбалаженотпад (одистилиодразличентипамбалажа) и дабидатвисокидо 150 см.Подамбалаженотпадсеподразбираат: лименки, шишиња, тегли, капачиња, картонскикутии, конзерви, амбалажаодкозметика и одсредствазачистењеи сл.
„Trash for Art“ оваа година трае од 15-ти до 17-ти март. Сите дела изработени од амбалажен отпад треба да се достават во Кинотека на Северна Македонија било кој ден од конкурсот, со тоа што на 15-ти и 16-ти скулптурите ќе може да се достават од 09:00 часот до 17:00, а на 17-ти март од 09:00 до 13:00 часот. Еден учесник може да пријави и повеќе дела, но не може да освои повеќе од една награда. Постои исклучок само со случај: доколку учесник во категоријата на основни училишта исто така го пријави своето дело во категоријата на специјална награда за БиМилк, може да добие вкупно две награди, по една од секоја категорија.
Повеќе информации за „Trash for Art“, условите за учество и наградите дознајте на www.pakomak.com.mk и на Фејсбук страната на Пакомак: https://www.facebook.com/Pakomak.mk