ПСЖ може да го има најдоброто трио, може да купи кого сака и да истресе стотици милиони евра, ама Реал е Реал, кој и кога е на колена знае да се крене и вечерва сонот на парижаните за европски трофеј се распрснаа во шпанската престолнина, иако еден час од мечот сѐ наликуваше дека „светците“ ќе го минат најтрофејниот клуб.
Килијан Мбапе во 39-та минута даде гол по пеколната контра, и ПСЖ имаше 2-0, држеше сѐ под контрола до 60-та минута и потоа сѐ случи – дебакл. Еден тежок кикс на Џиџо Донарума доведе Бензема да израмни на мечот, Реал да се врати во двобојот, но за парижаните тој кикс како психолошки да ги скрши. Одеа од грешка во грешка, посебно во додавања во првата зона, па ако Винисиус Жуниор промаши зицер на 20-на минути, бензема не им прости на парижаните.
На 14 минути пред крајот по асистенција на Лука Модриќ погоди за комплетно Реал да се врати во двомечот, да ги надополни тие вкупни 0-2, а две минути потоа експлозија на „Бернабеу“. Бензема даде ѝ трет гол и Реал од елиминација, дојде до четвртфинале.
Манчестер сити одигра реми без голови со Спортинг Лисабон во реваншот кој немаше никакво значење, зашто „граѓаните“ имаа 5-0 од првиот дуел во Португалија, па само рутински и формално го одработеа овој меч само колку да го заверат четвртфиналето.
Вчера Баерн Минхен и Ливерпул се пласираа во четвртфиналната рунда во мултимилионската елита.