Ед Ширан запеа серенада во Високиот суд во Лондон во обид да докаже дека не плагирал, односно не копирал делови од друга песна, за својот хит Shape of You од 2017 година.
Британецот е обвинет дека го копирал делот Oh I, oh I, oh I од сингл на Семи Чокри од 2015 година, Oh Why.
На суд, Ширан запеа елементи од Feeling Good на Нина Симон и No Diggity на „Блекстрит“ за да илустрира како мелодијата е вообичаена во поп музиката.
„Ако ги ставите во ист тоналитет, сите ќе звучат исто“, објасни тој.
Ширан негира дека ја слушнал песната на Чокри и ги отфрли наводите дека пријателите можеби му ја пуштале пред да ја напише Shape of You во октомври 2016 година.
Оваа оптимистичка поп-песна стана најпродаваниот сингл во 2017 година и останува најслушана песна на „Спотифај“ на сите времиња.
Меѓутоа, авторските накнади (хонорари врз база на авторски права) на Ширан – проценети на околу 20 милиони фунти – се замрзнати откако Чокри и неговиот продуцент Рос О’Доног покренаа тужба за наводно кршење на нивните авторските права во 2018 година.