Кога веќе ги имаше на широкиот список, јасно беше дека Лазаров и Филип Миркуловски ќе се најдат и на потесниот и дека нивната репрезентативна кариера ќе продолжи. Ќе им бидат потребни на помладите, во ситуација кога има два хендикепа со повреди. Веќе подолго време отсутен е Дејан Манасков по операцијата на коленото, а од слична причина отсутен е и Мартин Велковски.
Покрај нив, нема други позабележителни отсуства, освен Бојан Маџовски, првото лево крило на Пелистер, кое го немаше ни на широкиот список. Тука се и најмладите, како Марко Митев и Игор Ѓорѓиев на позицијата среден бек.
Романија прво ѝ гостува на Македонија на 17 март, а два дена подоцна играме на нивен терен. Победникот од овој двомеч во април ќе игра во второто коло од баражот, против Чешка, за пласман на Светското првенство во 2023 година.