Црвено-белите, сепак, долго ќе жалат за пропуштената шанса да дојдат до далеку поповолен резултат, со оглед што дури трипати ја затресоа мрежата на противникот, но секој пат голот им беше поништен поради офсајд. Тоа двапати му се случи на Катаи во првото полувреме и еднаш на Бен во второто, додека првиот од нив промаши и пенал во воведните 45 минути. Сето ова домашните максимално го казнија со головите на Таверние и Морелос во 11. и во 15. минута, како и на Балоган во 51. минута.
Најголемото изненадување вечерва се случи на „Камп Ноу“, каде што безидејната Барселона одигра само нерешено против однапред прежалениот Галатасарај (0-0). Ептен интересно беше во Бергамо, каде што Аталанта дојде до минимален триумф во голеадата против Баер Леверкузен (3-2). Португалска Брага, пак, дојде до повеќеод солидна предност во пресметката со Монако (2-0).