Коко детско штeдно осигурување: Што е и зошто треба да го купите

На нашите деца им пожелуваме сѐ најдобро, а тоа вклучува и полесен и побезбеден влез во светот на возрасните. Додека децата безгрижно растат, време е да се штеди за да се осигури нивната иднина. Родителите треба да вложуваат и да ги планираат финансиите за да можат да им овозможат најдобро на своите деца. Штедењето за децата е најважна инвестиција во текот на животот, па се поставува прашање како и каде правилно да вложувате, а притоа да имате максимални сигурни придобивки од инвестицијата.

Вистински избор е детското животно осигурување со кое вашето дете е осигурано, а воедно и штедите за негова поубава иднина. Ваквиот тип финансиски производ е однапред изработен план за да се постигне целта за финансирање на долгорочни финансиски обврски како што се високото образование, купувањето стан, автомобил, живот во странство, брак и слично. Едно е сигурно, треба да се започне што побрзо со осигурување за да се акумулираат повеќе средства со текот на годините. 

Кроација осигурување – живот ви нуди безбеден начин да создадете капитал во насока на обезбедување најдобра иднина на вашето дете. Коко детското штедно осигурување претставува полиса што обезбедува осигурување, а воедно и штедење, и план за заштеда во корист на детето. Ексклузивноста на овој производ се состои во поврзаноста на штедната и осигурителната компонента и можноста за инвестирање на дел од средствата во удели на финансискиот пазар и заштита од непредвидливи и несакани животни ситуации.

Овој тип осигурување, каде што детето е единствен корисник на средствата, опфаќа деца од 1 месец до 13 години, а осигурувањето може да трае најмногу до 25-годишна возраст. Одвојувањето парични средства не е секогаш лесно и нема секој еднакви финансиски можности, па затоа кај Коко детското штедно осигурување постои можност за избор на динамиката на плаќањето и сумата што се уплаќа. Исто така, осигурувањето е временски и просторно неограничено. 

 

Дополнителни бенефиции има многу а една од нив е и можноста за зголемување на осигурената сума во висина од 3% за постигнат одличен успех во средното образование. Постои и можност за вклучување дополнителни компоненти за осигурување: дополнително осигурување во случај на незгода/повреди и дополнително осигурување во случај на операции.

 

Повеќе информации за овој тип осигурување, како и барање за изготвување конкретна понуда, согласно со барањата и можностите, може да се најдат на следниот линк.

 

Треба да знаете
Последни објави