Грег Поповиќ од вчера е тренер со најмногу победи во историјата на НБА

Грег Поповиќ стана тренер со најмногу победи во НБА лигата. Изминатата ноќ тој ја забележа 1.336 победа во кариерата. Сан Антонио Спарс славеа во дуелот со Јута Џез 104:102.

На вечната листа, Поповиќ, го мина Дон Нелсон.

„Ова е успех за сите луѓе кои работеле со мене, ива не е индивидуален успех. Кошарката е тимски спорт“, рекол Поповиќ.

Грег Поповиќ 26 години е тренер во Сан Антонио Спарс, во моментов тоа е најдолг стаж на еден тренер во професионалните спортови во САД.

Со Сан Антонио, Поповиќ освоил пет шампионски титули.

Треба да знаете
Последни објави