Брентфорд полека бега од опасната зона во Премиер лигата, уште повеќе откако ова попладне го победи директниот ривал за опстанок на домашен терен.
Тимот предводен од Франк оствари победа над Барнли од 2:0 и отиде на плус девет од црвената зона во англиската елита, а мразот беше скршен од човекот кој се претвора во вистински миленик на фановите на Брентфорд.
„Пчелите“ се засилија со Кристијан Ериксен во текот на зимскиот преоден рок, но по солидните две изданија изминатите две кола, денеска ја видовме и првата асистенција од Данецот.
Во својот втор старт по враќањето во Премиер лигата, Ериксен ја покажа својата класа на дело, такашто го погоди својот соиграч во глава за водство од 1:0.
Брентфорд го скрши отпорот во 85-та минута, а напаѓачот Тони имаше навистина полесна задача откако Ериксен го проигра со извонредна асистенција. На крајот, Брентфорд победи со 2:0 бидејќи во 94-та минута беше досуден пенал и истиот го реализираше Тони.