Гројтер Фурт поведе, но потоа лошо си помина во дуелот со Лајпциг и загуби со 1:6. Џејми Левелинг во четвртата минута постигна погодок за водство на домаќинот, но само ги предизвика гостинските фудбалери. До крајот на првиот дел, Лајпциг постигна четири гола. Стрелаа Андре Силва, Форсберг, Лајмер и Хенрикс.
Во второто полувреме во листата на стрелците им се придружија и Симакан и Нкунку за конечни, 1:6.
По овој триумф, Лајпциг се искачи на четвртото место на табелата во Бундеслигата со 44 бода.